Букајо Сака се поблиску до нов договор со Арсенал

По потпишувањето на нов петгодишен договор со стоперот Вилијам Салиба, раководството на Арсенал се надева дека наскоро ќе ја продолжи соработката со уште еден клучен играч, крилниот напаѓач Букајо Сака, објавија британските медиуми.

Сака помина низ младинската академија на Арсенал, а се проби во првиот тим пред шест години. Во 269 натпревари, постигна 72 гола и додаде исто толку асистенции. Постигна 12 гола и осум асистенции во 44 натпревари за англиската репрезентација.

Со сегашниот договор, Сака е врзан за Арсенал до јуни 2027 година. Со новиот договор, тој би станал, заедно со Каи Хаверц, најплатениот играч на „топчиите“. Хаверц во моментов заработува 16,7 милиони евра годишно.

Се вчитува...