Букурешт е „црвено-жолт“ – „фалангата“ тргна на пат кон Националната арена (видео)

Македонските навивачи се хит на стартот од овој европски шампионат, освојувајќи ги симпатиите на романската јавност откако центарот на Букурешт е обоен во црвено-жолто во пресрет на денешниот дуел со Австрија.

Веќе неколку часа во романскиот главен град ечат македонски песни, атмосферата меѓу навивачите е фантастична, а над илјада фанови се собраа за заеднички да се упатат кон стадионот каде фудбалерите ќе ја водат историската прва битка на Македонија на едно големо фудбалско натпреварување.

Во Букурешт се пристигнати над 4.000 Македонци, од кои 1.800 имаат билети преку Фудбалската Федерација на Македонија, а останатите имаат најдено начин преку романската мрежа за влезници за ЕВРО 2020 да стигнат до драгоценото парче хартија.

Се вчитува...