Бум-бум Барди со проектил и против Леганес (видео)

Енис Барди продолжува да дели лекции низ Шпанија за изведување на слободни удари, откако македонскиот репрезентативец стрелаше вечерва за Леванте на гостувањето против Леганес, за водство од 0-2 на својот тим.

По двата гола на дуелот со Атлетик Билбао, Македонецот блесна и на ова гостување, стигнувајќи до бројката од пет гола од слободен удар, најмногу во цела фудбалска Шпанија.

Се вчитува...