Буњамин Шабани: Струга ТЛ што побргу да го заборави поразот од Македонија ЃП

Фудбалерите на Струга Трим и Лум загубија на домашен терен од Македонија Ѓорче Петров со 1-3 во 22. коло во Првата фудбалска лига на Македонија.

Фудбалерот на домашните Буњамин Шабани по мечот изјави дека најдобро е што побрзо да го заборават овој дуел, бидејќи веќе за три дена ги чека нов.

„Одигравме слабо прво полувреме каде противникот не казни за нашето невнимание, потоа беше потешко, иако се обидовме со сите наши сили. Мислам дека треба што побрзо да го заборавиме овој пораз и да ги поправиме грешките, бидејќи после 3 дена ни претстои следниот натпревар. Повеќе сум играч од средниот ред и сакам да асистирам, но исто така се надевам дека ќе постигнувам и дека ќе собереме бодови во следните натпревари за да ги постигнеме нашите цели. Залудно кога даваш гол, кога не победуваш, мислам јас“, изјави Шабани. 

Се вчитува...