БУНДЕС-ЛИГА: Баерн и Дортмунд сигурни, Фрајбург и натаму без пораз (ВИДЕО)

Во 9. коло од Бундес-лигата, Баерн Минхен дојде до седмиот триумф. „Баварците“ на свој терен лесно со 3:0 го совладаа тимот на Хофенхајм. Головите за најтрофејниот германски тим ги постигнаа Гнабри, Левандовски , Чупо-Мотинг и Коман.

Лесен триумф и за второпласираниот тим Борусија Дортмунд на гостувањето кај Арминија Билефелд. Победа од 1:3, а првите два гола дојдоа од дефанзивците Хумелс и Џан. Третиот беше дело на Белингам, додека Билефелд намали со гол од пенал во финишот од средбата.

Фрајбург остана единствениот непоразен тим во Германија откако денеска со 0:2 го совлада Волфсбург на гости. Стрелци беа Ленарт и Холер.

Иако имаа негатива од 0:1 од Гројтер Фирт на полувремето, Лајпциг со брзи четири гола стигна до триумфот од 4:1 и остана во игра за врвот.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...