Бундес-лига: Леверкузен „прокоцка“ 0:2 и одигра само нерешено во Келн

Баер Леверкузен одигра само 2:2 на гостувањето кај Келн, иако како што почна натпреварот се насетуваше дебакл за домашниот тим. Патрик Шик во 15. и Белараби во 17. минута донесоа водство за Леверкузен. Имаа „фармацевтите“ уште една добра шанса, но не успеаја да материјализираат.

Затоа Келн се созема во вториот дел кога со два гола на Модесте успеа да дојде до 2:2 и до бод во дуелот со Леверкузен, кој очигледно уште не е „разбуден“ по дебаклот од Баерн Минхен од 1:5 на домашен терен минатото коло.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...