Бундеслига: И Ајнтрахт го прегази Леверкузен, Мајнц го освои Бремен (ВИДЕО)

Ниту Чаби Алонсо не може да им помогне на Баер Леверкузен. Иако во својот прв меч на клупата на „фармацевтите“ шпанскиот стратег стигна до триумф, денеска забележа пораз на гостувањето кај Ајнтрахт со убедливи 5-1 во натпревар од 10. коло во германската Бундеслига.

Стрелци на головите за тимот од Франкфурт беа Камада на двапати, Коло Муани, Линдстром и Аларио, додека единствениот погодок за гостите беше дело на Хинкапе. Мајнц стигна до победа на гостувањето кај Вердер Бремен со 0-2. Ингвартсен и Џае-Сунг беа творци на победата на гостите.

 

БУНДЕСЛИГА 10. КОЛО: 

Ајнтрахт Ф. – Баер Л. 5-1

Вердер Б. – Мајнц 0-2

Штутгарт – Бохум 4-1

Волфзбург – Борусија М. 2-2

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...