БУНДЕСЛИГА: Лајпциг се врати од „мртвите“, Баерн и Борусија Д. со лесни победи

Лајпциг успеа да избегне пораз од Аугзбург, и покрај тоа што имаше негатива од 3-0 на 25 минути пред крајот на средбата. Домашниот тим со головите на Бериша, Демировиќ и Варгас водеше со 3-0 в о64. минута. Се чини клучен беше црвениор картон кој го доби Јаго (за само една минута два жолти картони).

Андре Силва во 73. минута намали на 3-1 во 73. минута, а во последните две минути два гола за Лајпциг. Најпрво Нкунку во 89. минута намали на 3-2, а потоа Рамос во 90. минута донесе израмнување. Дури Лајпциг можеше да стигне и до водство, но ударот на Собослаи го одбрани домашниот голман.

Најубедливиот триумф го оствари Борусија Дортмунд која со „петарда“ го совлада Штутгарт. Веќе на полувремето беше 3-0, откако погодија Белингем, Зиле и Рејна, а во вториот дел Белингем и Мукоко ја запечатија судбината на гостите.

Баерн Минхен уште во првиот дел го реши Хофенхајм. Двата гола вредни три бода ги постигнаа Мусиала и Чупо Мотинг во 18. и во 38. минута.

Фрајбург го совлада Вердер со 2-0 со голови во првиот дел, а Баер Леверкузен и Волфсбург одиграа интересен меч кој заврши без победник 2-2.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...