Бундеслига: Левандовски од пенал го спаси Баерн од срам, Келн од 0-2 до победа над Мајнц (ВИДЕО)

Баерн Минхен продолжува да ја одржува разликата на првото место на табелата во Бундеслигата, откако денеска го совлада тимот на Аугзбург со 1-0. Едвај „Баварците“ успеаја да триумфираат, благодарение на голот на Роберт Левандовски од пенал на осум минути пред крајот. Со тоа најтрофејниот германски тим ја задржа предноста од девет бода.

Најинтересно и најнеизвесно беше во Келн, каде домашниот тим на крајот успеа да запише три бода во дуелот со Мајнц. Гостите имаа водство од 0-2 со головите на Буркард и Онисиво, но Скири во 60. минута намали, а потоа за четири минути Келн стигна до предност. Во 78. минута Љубичиќ израмни, а Килиан во 82. минута донесе предност и победа за Келн.

Волфсбург оствари убедлив триумф над Арминија од 4-0. Победникот беше решен за неполн час, откако Нмеча во 11. минута донесе водство, а истиот играч погоди и во 38. минута. Арнолд во 48. минута донесе 3-0, а Крузе во 53. минута зголеми на 4-0.

Сигурен триумф обезбеди и Борусија Менхенгладбах, кој победи на гостувањето кај Гројтер Фурт со 0-2 со головите на Турам и Плеа во првите 24. минути.

 

Се вчитува...