Бундеслигаш му постави ултиматум на тренерот: Или Европа, или збогум!

Три месеци може да трае епизодата на Алберт Риера на клупата на Ајнтрахт Франкфурт. Шпанецот кој од Целје дојде во Бундеслигата, бележи слаби резултати, и веќе му се заканува отказ од клупата.

Ајнтрахт е во серија од четири меча без победа, и опасно „виси“ настапот во Европа идната сезона, а наводно челниците на Ајнтрахт сигурно ќе му врачат отказ доколку не обезбеди палсман на меѓународна сцена идната сезона.

Во последното коло тимот од Франкфурт игра против Штутгарт, кој, пак, се бори за Лигата на шампионите, и токму од тука го очекува крајно неизвесен меч.

Билд, пак, во своето издание пишува дека Риера секако ќе добие отказ, дури и да избори место во Европа, а веќе пшува кој би можел да го замени. Ади Хитер и Оливер Гласнер се засега најсериозните кандидати, а тука е и Џакомо Тедеско, Мајк Тулберг, Тобиас Стробл, Тонда Екерт и Дени Рол.

Се вчитува...