„Бунт“ во Баерн: Двајца играчи му „свртеле грб“ на Нагелсман

Баерн Минхен сезонава не игра онака како што од нив се очекува. Во Бундеслигата имаат „само“ девет бодови предност пред ривалот Борусија Дортмунд, а во минатото во овој период веќе ја имаа обезбедено титулата. Капак на се беше испаѓањето во 1/4 финалето од Лигата на шампионите од Вилјареал.

Сето тоа ги натера медиумите во Германија одблиску да ја испитаат атмосферата во таборот на „Баварците“. Германски „спорт 1“ пишува дека фудбалерите на овој тим имаат големо его, и дека веќе двајца му „свртеле грб“ на актуелниот тренер Јулијан Нагелсман, а на нив веројатно ќе им се приклучат и други. Не е споменато за кои играчи станува збор.

Новинарката Кери Хау објави дека голем дел од фудбалерите имаат големо „его“, а тоа го потврдија и поранешните тренери на оваа екипа Јуп Хејнкес, Нико Ковач и Ханси Флик.

Хау пишува дека овие двајца играчи ги критикуваат методите на тренинзи на Нагелсман, што предизвикува незадоволство.

Ова лето Баерн го чека „пеколен“ трансфер преоден рок. Роберт Левандовски веќе е на пат кон Барселона, Серж Гнабри најавува дека нема да го продолжи договорот, додека сигурно заминува Толисо.

Се вчитува...