Бурнемаут не може да го сопре Челси

Челси чекори според планот, освојувајќи ги трите бода на гости против Бурнемаут. Тимот на Антонио Конте славеше со 1-3 и повторно има седум бода предност на врвот на табелата во Премиер – лигата во однос на Тотенхем.

Лодонските „сини“ поведоа со автоголот на Смит во 17.минута, а три минути подоцна Еден азар зголеми на 0-2. Мала надеж за Бурнемаут беше голот на Џошуа Кинг пред самиот крај на првиот дел, но Маркос Алонсо постигна трет погодок за Челси во 68.минута, за сигурен триумф на ова гостување.

All Goals & highlights – Bournemouth 1-3… by goalsarena2017

Се вчитува...