Бускетс не го интересираат милионите – останува во Барса и покрај богатите понуди од САД

Легендата на Барселона, Серхио Бускетс нема намера да ја промени средината ниту ова лето. 32-годишниот Шпанец кој целата своја кариера ја помина во дресот на каталонскиот тим одбил неколку богати понуди од МЛС лигата и останува на добро познатото место, пренесува Фабрицио Романо.

Шпанскиот репрезентативец е подготвен и на ревизија на својот договор кој е со важаност до 2023 година со цел да му помогне на својот клуб со тешките финансиски проблеми. Очекувањата се дека Бускетс ќе добие дупло помала плата за договор од две до четири години.

Се вчитува...