Бутел имаше предност и од четири гола, но тимот на Стоилов испушти триумф против Младост

Екипата на Бутел не успеа согласно посакувањата да ја почне новата сезона во Суперлигата, ремизирајќи (30-30) пред своите наввачи во првото коло против Младост Богданци.

Гостите беа подобри во првиот дел добивајќи го со 12-13, но домашниот тим предводен од Стојанче Стоилов во текот на целото второт полувреме имаше контрола на резултатот, водеше и со четири гола во второто полувреме, но на крајот гостите предводени од клупата од Горан Андоновски успеаја да дојдат до бод.

Бутел имаше предност од 30-26 на седум минути до крајот на мечот, но упорните гостински ракометари со одличен финиш, на 15 секунди до крајот со гол успеаја да стигнат до 30-30.

Кај Бутел, Субашевски заврши со шест гола, а голманот Богдановски имаше седум одбрани, по пет погодоци имаа Јовиќ и Ѓеоргиевски. Во екипата на Младост се истакна голманот Илиќ со 12 интервенции, Андоновски даде осум гола, а Бојаниќ шест гола.

Се вчитува...