Бутел повторно победува: Извонредни +32 против Борец

Ракометарите на Бутел Скопје извојуваа убедлива победа против Борец од Велес со 48-16 во домашниот шампионат.

По поразот во претходното коло од Еурофарм Работник, ракометарите на Бутел повторно се вратија на победите лесно стигнувајќи до бодовите во пресметката со велешани.

Уште од самиот почеток Бутел наметна силен ритам па на полувреме се замина со предност од 25-8. Во вториот дел само се дополнуваше предноста за конечен триумф од +32 гола.

Најдобри стрелци во домашниот табор беа Филип Николов со 10 гола и Мики Георгиевски со седум погодоци. По шест гола постигнаа Лазороски, Трајковски и Мајиќ. Кај Борец најпрецизен беше Борис Илиевски со пет погодоци.

Се вчитува...