Бутел во трилер меч до победа над Тиквеш

Ракометарите на Бутел стигнаа до голема победа во борбата за 5. место во Суперлигата откако вечерва на домашен терен во натпревар од 7. коло од плеј-офот славеа на домашен терен против Тиквеш со 21-20.

Како и што се очекуваше меѓу две израмнети екипи кои се борат за петтата позиција во домашниот шампионат првото полувреме помина во изедначена игра, па на пауза се замина во егал 11-11.

Слично беше и во вториот дел. Двата тимаа играа гол за гол, а натпреварот влезе во неизвесна завршница 19-19. Бутел со два гола во низа зголеми на 21-19, што на крајот беше доволно за конечен триумф од 21-20.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...