Шампионот на Финска, Рихимаен Кокс го победи новиот македонски суперлигаш Бутел со 28-22, во првиот натпревар на Меморијалниот турнир „Боро Чурлевски’’ што почна денеска во Битола.
Кокс беше во предност во текот на целиот натпревар. Финскиот тим во чиј состав настапува и поранешниот вардарец Виктор Коваленко, на крајот од првото полувреме имаше водство од 15-9. Бутел во вториот дел успеа да ја намали негативата, но не и да ја загрози победата на Финците.
Во вториот натпревар вечерва домаќинот на турнирот, Пелистер беше изненаден од грчкиот Олимпијакос кој славеше победа со 31-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА