Бузалковски најбрз во Бугарија

Македонскиот мотоциклист, Христијан Бузалковски, забележа уште една победа во БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. Тој викендов во Бугарија ја остави конкуренцијата далеку зад себе, со предност од 16 секунди, прокнижувајќи ја четвртата победа од досега извозените пет трки. Со ова се зацврсти на врвот во генералниот поредок.

До крајот на шампионатот остануваат уште седум трки, а Бузалковски вози кон шампионскиот наслов во оваа конкуренција.

Се вчитува...