Чаби Алонсо е нов тренер на Баер Леверкузен

Легендарниот шпански фудбалер е нов тренер на Баер Леверкузен. Досегашниот Херардо Сеон беше разрешен од тренерската позиција кај „фармацевтите“  по вчерашниот пораз од Порто со 2-0 во Лигата на шампионите, а неговата улога ја презеде Чаби Алонсо, официјално соопштија од германскиот клуб.

Во својата играчка кариера Алонсо настапуваше за Реал Мадрид, Ливерпул, Баерн, Реал Сосиедад и Еибар.

„Го познавам Леверкузен од времето во Германија како одличен клуб. Баер секогаш имал одлични играчи, гледам многу квалитет и во сегашниот тим. Многу сум возбуден поради оваа работа“, изјави Чаби.

 

 

Се вчитува...