Чаби Алонсо: Факт е дека Реал Мадрид после Ел Класико изгуби дел од квалитетот и енергијата

Реал Мадрид по трите последователни ремија, падна на втората позиција во Ла Лига. Сега тимот се соочува со гостување кај Атлетик Билбао, кое доаѓа во многу незгоден момент.

Тренерот Чаби Алонсо пред дуелот кажа што му треба на тимот да биде подобар, и да се врати на победничките патеки.

„Зборуваме за фудбал, за единствно, за тоа што треба да подобриме за да бидеме поконзистентни. Тоа е она кое не загрижува. Сакаме да ја прекинеме негативната серија на гостински терен, и ова е одлична можност. Повторно имавме разговори со претседателот. Сето тоа помина во добар тон. Размислувам само за подготовката на тимот за утрешниот меч. Останува уште многу до крајот на сезоната. Таму сме каде што сме. Живееме со високи очекувања. Имаше натпревари кои не беа добри, и се обидуваме да го исправиме тоа. По Ел Класико и мечот со Валенсија, тимот како целина изгуби малку од квалитетот на играта, од енергијата. Но, повторно играме како едно“, изјави Алонсо.

Се вчитува...