Чаби Алонсо: Не сум заинтересиран за Тотенхем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, даде уверување дека ќе остане во тимот и следната сезона и дека нема намера да преземе друг клуб. Екс шпанскиот репрезентативец беше поврзуван со менаџерското место во Тотенхем, а се зборуваше и за Реал Мадрид доколку Анчелоти си замине.

Тој сега е фокусиран целосно кон работота со „фармацевтите“ и Лигата на Европа, која сака да ја освои. Тимот е на шестото место во Бундеслигата на четири кола до крајот.

„Нормално е да има гласини во овој дел од сезоната. Но, има уште многу работи кои треба да ги довршиме тука. Моите мисли се 100% кон овој клуб, и веќе мислам на следната сезона“, рече Алонсо.

Се вчитува...