„Чачиќ направи кардинална грешка со Адеми, требаше да остане во Динамо до крајот на кариерата“

Поранешниот член во управата на Динамо Загреб, Крешомир Антолиќ зборуваше за заминувањето на Аријан Адеми од таборот на „модрите“ во Кина. Тој вели дека Анте Чачиќ донел конечна одлука да го пушти, и според Антолиќ тоа било кардинална грешка.

Антолиќ открива дека со Анте Чачиќ се договориле да му понудат подобар договор на Адеми за тој да остане до крајот на кариерата на „Максимир“, меѓутоа во меѓувреме нешто се случило и играчот од средниот ред заминал во Кина. Смета дека една од кардиналните грешки на поранешниот тренер Чачиќ е токму пуштањето на Адеми, што пресудило потоа и тој да биде сменет од клупата.

„Тренерот Чачиќ имаше одлични резултати, но спортскиот директор Чачиќ направи две кардинални грешки. Едно е пуштањето на Адеми, а друга смалување на ростерот на играчи без никаква причина. Адеми во декември зборуваше со претседателката на Управниот одбор, и Чачиќ и праша дали би го пуштиле затоа што има некоја понуда од Кина. Тие му кажаа дека може ако сака тој, а во јануари со мене зборуваше и му реков дека според моето мислење мора да остане во Динамо до крајот на кариерата, и ако треба да му се подобри договорот, затоа што тој е незаменлив во клубот. После ремито со Горица, Чачиќ заклучи дека Адеми не може да оди, и тоа го зборуваше на прес-конференцијата. Што се смени во меѓувреме, јас не знам, затоа што веќе не бев во клубот, но мислам дека нема вистина во приказните дека Адеми се карал со Чачиќ. Потоа се зборуваше да го пуштиме ако имаме 15 бодови предност на табелата, а тој сакаше да замине“, изјави Антолиќ.

Антолиќ додава дека неколку пари зборувал со Адеми, и тој прифатил да остане и да стане недопирлив во „модрите“, меѓутоа по неговото заминување замина и Адеми.

Се вчитува...