Чалханоглу стана алчен, побара плата колку Златан

Хакан Чалханоглу е блиску до заминување од Милан по најновата рунда неуспешни преговори за продолжување на соработката. Актуелниот договор на турскиот репрезентативец истекува на крајот од сезонава, а Чалханоглу ја искористил ситуацијата за да побара огромно зголемување на платата.

Имено, агентот на Турчинот инсистирал на тригодишен договор вреден меѓу 6,5 и 7 милиони евра по сезона, што би го израмнило Чалханоглу со Златан Ибрахимовиќ на листата на најплатени играчи во тимот. За управата на Милан нема никакви дилеми, овој фудбалер не заслужува толку висока плата, а во ситуација кога договорот му е пред истек, за очекување е Хакан да биде продаден во текот на јануарскиот преоден рок, за да не се ризикува тој следното лето да си замине без никаква отштета.

Целата ситуација ја следи Манчестер Јунајтед, чии директори веќе подготвиле понуда за да го доведат Чалханоглу на „Олд Трафорд“. Со оглед на „дампинг-цената“, се очекува Турчинот да биде достапен за 10 милиони евра, сума што „црвените ѓаволи“ веднаш би ја платиле за уште повеќе да го засилат средниот ред во тимот.

Се вчитува...