Чалханолгу го вознемири Милан: Од јануари се сели во Јувентус!?

Се погласни се најавите дека Хакан Чалханоглу од јануари заминува од Милан и се сели во Јувентус.

Чалханоглу во моментов е најдобриот фудбалер на Милан, но не сака да го продолжи договорот со „росонерите“ кој е со важност до крајот на сезоната. Проблемите се тоа што Турчинот бара шест милиони евра повеќе од актуелниот договор, а Милан не е подготвен да му го овозможи тоа.

Во Милан вистински се „раздрмаа“ по најновата објавена фотографија на Чалханоглу на кој е во Торино заедно со сонародникот од Јувентус, Демирел. Сето тоа внесува дополнителен немир во раководството на „миланезите“ кое не е подготвено да го ослободи. Доколку не потпише нов договор со клубот до крајот на годинава, Чалханоглу како слободен фудбалер ќе може да замине веќе од крајот на сезоната.

Се вчитува...