Чапекоенсе го освои првиот трофеј по трагедијата

Бразилскиот тим Чапекоенсе го освои првенството на Санта Катерина, што е прв трофеј за овој клуб по трагичната авионска несреќа во која животот го загубија најголемиот дел од фудбалерите, во ноември 2016 година. Во мечот од осмото коло од локалниот шампионат, Чапекоенсе го победил Жоинвил со 2-0, и на еден круг пред крајот го освои првото место во ова првенство.

Во јануари 2017 година, Чапекоенсе собра 20 нови фудбалери и ја почна изградбата на новиот тим.

„Земавме неколку играчи на позајмица, и успеавме да создадеме повторно респектабилен тим. Гледавме повеќе од 90 фудбалери, и од нив селектиравме. Се надевам дека ќе продолжиме со успеси и во наредниот период“, изјави извршниот директор на Чапекоенсе, Руи Коста.

Се вчитува...