Чарлс Баркли не верува во тандемот Дончиќ-Леброн

Трејдот на словенечкиот ас од Далас во Лос Анџелес Лејкерс ги шокираше навивачите на Маверикс, но и го подели мислењето за новото дуо Лука Дончиќ – Леброн Џејмс во „градот на ангелите“.

Според поранешната ѕвезда Чарлс Баркли, дуото нема да функционира бидејќи двата кошаркари играат сличен стил на кошарка, контролирајќи го темпото на натпреварот со топката во раце.

„Нема да им биде лесно на Дончиќ и Леброн бидејќи тие се кошаркари кои сакаат постојано да ја имаат топката во раце. Двајцата не играат без топка. Ќе им биде тешко да се навикнат еден на друг и да играаат заедно“, вели Баркли.

Се вчитува...