Чартер летови за навивачи директно за Порто: По цена од 500 евра бодри ја Македонија!

На барање на македонските навивачи организирани се директни чартер летови Скопје – Порто – Скопје преку туристичката агенција ЕТЦ Травел за сите заинтересирани кои сакаат да ја бодрат Македонија во финалето од баражот за пласман на СП 2022 против Португалија.

Како што информираат од агенцијата, патувањето е во вторник на самиот ден на натпреварот, а враќањето е веднаш по натпреварот.

Цената по лице за ова патување е 500 евра, во кои се вклучени цената за чартер летот, плус билетот за натпреварот и покриен е комплетен трансфер и до стадионот и потоа до аеродром за враќање назад во Скопје.

Се вчитува...