Чави брзо заборава: Барса нема победнички карактер за успех во ЛШ

Новиот неуспех на Барселона во Лигата на Шампионите беше вистински повод за да се јават критичарите, особено оние кои важат за „опозиција“ на претседателот Жоан Лапорта.

Така, поранешниот капитен и тренер на Барса, Чави Хернандез, жестоко ги нападна фудбалерите на каталонскиот гигант.

„Ја гледав средбата и искрено ме болеше… почна одлично, со два гола… а потоа ни се повтори старата приказна. Победивме со 2-1, а испаднавме, тоа не е доволно добро за Барселона. Не можете да дозволите Лукман да ви даде онаков гол, ниту пак повторно да останете со играч помалку. Колку пати сме го виделе ова? Имаме талент, млади играчи, но ни недостига менталитет и победнички карактер за големите европски натпревари. Го сакам она што Флик го прави, фудбалот под негово водство може да биде преубав, но на ова ниво потребна ви е цврстина и карактер. Навивачите заслужуваат повеќе“, критичен беше Чави.

А голем дел од навивачите по оваа изјава се свртеа против Чави, потсетувајќи го на неговиот скор во европските натпревари.

Имено, со Чави како тренер Барса две години по ред не успеваше да ја мине групната фаза во ЛШ, туку се селеше во Лигата на Европа, каде што беше елиминирана од Ајнтрахт и од Манчестер јунајтед.

Во сезоната 2023/24 тој конечно ги мина групите, но во четвртфиналето беше елиминиран од ПСЖ.

Некои луѓе дефинитивно брзо ги забораваат сопствените неуспеси и трчаат да ги осудат туѓите…

Се вчитува...