Чави: Фудбалер кој ќе побара да замине од Барса, никогаш потоа не би го вратил во клубот

Легендата на Барселона, Чави Хернандез пред две години се раздели со каталонскиот тим и одлучи да се пресели во Катар, каде стана лидер на екипата на Ал Сад. 37-годишниот фудбалер од средниот ред го коментираше фактот дека голем број млади фудбалери ја напуштаат Барселона и заминуваат во други клубови. Вели дека сите оние кои ќе ја напуштат Барса на 16 или 17 години не треба повеќе никогаш да се враќаат во клубот.

„Искрено, јас не би вратил ниту еден фудбалер кој претходно барал да замине од клубот. Зошто заминуваат со 16 или 17 години? Тоа го сметам за предавство кое не можам да го разберам. Тоа е мојата филозофија. Ако сакате да заминете, тогаш немој никогаш повеќе да барате да се вратите“ – вели Чави, „меѓу редови“ критикувајќи ја управата за одлуката да ги врати Пике и Фабрегас откако како младинци го напуштија каталонскиот гигант.

Легендата на тимот од „Ноу Камп“ ги мина сите младински селекции. До 2015 година одигра 767 натпревари за првиот тим на Каталонците постигнувајќи и 85 погодоци.

Се вчитува...