Чави го брани Винисиус: Викајте му така на работник, ќе ве удри со цигла во глава

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, јавно застана во одбрана на Винисиус по новиот расистички скандал во Шпанија откако асот на Реал Мадрид беше навредуван во огромен дел од натпреварот на „Месталја“.

Судијата и челниците на Ла Лига тврдат дека прекин на натпреварот не е возможен без претходни опомени, но Чави е дециден на оваа тема.

„Овде не станува збор дека јас го бранам Винисиус, јас всушност го бранам целиот фудбал и она како треба да изгледа нашиот спорт. За проблем како расизмот не постојат дресови и клупски амблеми, треба заеднички да работиме за да го отстраниме од нашиот спорт. Навреди? Треба веднаш да се престане да се игра. Ако навредите наставник, тој нема да ве учи. Ако навредите работник, ќе добиете цигла по глава. Не смее да трпите навреди за време на вашата работа, во нашиот случај за време на фудбалските натпревари. Време е еднаш да се каже засекогаш – доста е“, дециден е Чави по ова прашање.

Се вчитува...