Чави го убедувал Левандовски да дојде во Барса, Баерн „флертува“ со Халанд

Првиот тренер на Барселона, Чави наводно го убедувал напаѓачот на Баерн Минхен да дојде на „Ноу Камп“. Како што соопштува новинарот Матео Морето, тренерот на Барса му ги објаснил на голгетерот идните планови, и дека има намера на него да го гради тимот кој треба да се врати на европскиот врв.

Наводно играчот се согласил на трансфер, но и натаму нема официјална потврда. 33-годишниот Полјак сезонава има 29 настапи и 32 гола, со 1 асистенција. Воедно, тој неколку години по ред е најдобар стрелец во Германија, со што ги сруши сите рекорди, и сега му треба нов предизвик.

Доколку Левандовски замине во Барса, тогаш Баерн подготвува трансфер „бомба“ со Ерлинг Халанд од ривалот Борусија Дортмунд. Втора варијанта е Тимо Вернер кој е незадоволен до Челси, и сака да си замине.

Се вчитува...