Чави изненади со изјавата: Се палам на „Ел Класико“, онака, сексуално…

Се е подготвено за првото овосезонско Ел Класико, денешниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“ меѓу Реал Мадрид и Барселона кој ќе одреди дали некој од двата тима ќе се одлепи на „плус три“, или пак лутите ривали ќе останат израмнети на делба на првото место на табелата во Ла Лига.

Чави Хернандез во кариерата одиграл бројни натпревари против Реал, а сега и како тренер е максимално мотивиран за прсметката со „кралевите“ од Мадрид. Стратегот на Барса изненади со изјавата на вчерашната прес-конференција, откривајќи дека се чувствува сексуално возбуден за време на дуелите со Реал.

„Дуелите со Реал Мадрид секогаш се нешто посебно. Не знам дали ќе ги погодам вистинските зборови, но атмосферата на Ел Класико секогаш ме пали, онака, сексуално“, прокоментира Чави.

Се вчитува...