Чави не дава Обамејанг да замине

Тренерот на Барселона Чави, се противи на евентуално заминување на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг. Шпанските медиуми пишуваа дека Габонецот е блиску до преселба во Челси, меѓутоа веројатно и натаму ќе остане дел од „Каталонците“.

Чави е задоволен од придонесот на Обамејанг во Барселона, и смета дека заедно со Левандовски ќе бидат најдобриот тандем во Европа. Тренерот верува дека двајцата ќе може да го надоплнат заминувањето на Меси.

Челси немаше никаков контакт со напаѓачот за негов ангажман, а сега Обамејанг не размислува за заминување од Барса, и покрај тоа што пред неколку дена се шпекулираше дека бил заинтересиран за понудата од Лондон.

Се вчитува...