Чави: Нејмар уште на свадбата на Меси ми рече дека си оди од Барса

Нејмар бил незадоволен од статусот што го имал во Барселона и поради тоа инсистирал да си замине од „Камп ноу“. Ова го тврди поранешниот капитен на Барселона, Чави, кој воедно и открива дека Бразилецот самиот му го најавил заминувањето од „Камп ноу“ за време на свадбата на Лионел Меси во Аргентина.

Трансферот на Нејмар во Пари сен Жермен беше официјализиран на 3 август, но според Чави одлуката на Нејмар е донесена повеќе од еден месец претходно, со оглед на фактот дека свадбата на Меси се одржа на 30 јуни во Розарио.

Секогаш сум бил во добри односи со Нејмар и тој уште на свадбата на Меси ми го најави својот мегатрансфер. Ми рече дека не е среќен во Барселона, дека ќе стори се за да си замине бидејќи му е неопходно ново искуство во Европа. Тоа беше негова одлука и јас ја почитувам, мило ми е што му тргна добро во ПСЖ. Според мене, францускиот клуб со Нејмар и со Мбапе во своите редови има одлични шанси да ја освои Лигата на шампионите“ – изјави Чави.

Се вчитува...