Чави: Немавме доволно пари да го потпишеме Халанд, му посакувам се најдобро

Ерлинг Халанд го комплетираше трансферот во Манчестер Сити. Со тоа од идната сезона Норвежанецот ќе биде дел од „граѓаните“. Борусија Дортмунд ќе добие нешто помалку од 75 милиони евра, а Халанд ќе стане најплатениот играч во Премиер-лигата.

Халанд долго време се поврзуваше и со трансфер во Барселона, но на крајот се одлучи да тргне по стапките на неговиот татко Бјорн-Инге, кој своевремено го носеше дресот на „граѓаните“. Тренерот на Барса, Чави објасни зошто Халанд не заврши на „Ноу Камп“.

„Од финансиска причина, не можевме да го ангажираме Халанд. Му посакувам се најдобро“, беше коментарот на Чави.

Се вчитува...