Чави Пасквал: Горд сум, го победивме европскиот првак

Европскиот првак Вардар го доживеа првиот пораз оваа сезона во Лигата на шампионите, откако минимално загуби од Барселона (29-28) во „Блауграна“. Тренерот на каталонскиот тим, Чави Пасквал, истакна дека е задоволен и горд, затоа што неговиот состав успеа да го совлада актуелниот европски шампион.

„Горд сум на моите момци. Одиграа фантастичен меч и успеаја да му го нанесат првиот пораз оваа сезона на Вардар, актуелниот европски првак. Играа според планот, и во одбраната и во нападот. Покажавме дека со цврста одбрана може да се стигне до успех против квалитетниот Вардар“, изјави Чави Пасквал, стратегот на ракометниот клуб Барселона.

Се вчитува...