Чави Пасквал: Имаме голем респект за Вардар

Барселона утре го пречекува Вардар во „Блауграна“, во вториот меѓусебен дуел во групата А од Лигата на шампионите. По минатонеделната победа во Скопје (26-30), шпанскиот гигант се издвои на лидерската позиција во групата и ја има улогата на фаворит и во утрешниот дуел. Но, тренерот на Барселона, Чави Паскавл, предупреди дека тоа фаворитско расположение може да биде многу опасно со противник како Вардар кој како што вели, максимално го респектира.

Ќе биде сличен меч како тој во Македонија, во однос на тежината и на интензитетот. За нас е многу важно да победиме бидејќи тие два бода ќе ни дадат мотив и самодоверба да продолжиме со работа. Натпреварот ќе биде многу сложен бидејќи се создаде еден амбиент дека победата е готова работа, а тоа воопшто не е така. Ние имаме голем респект за Вардар. Тоа ќе биде натпревар со многу борбеност“ – изјави Чави Пасквал.

Натпреварот Барселона – Вардар е утре со почеток во 19 часот. По првите седум натпревари, Барселона е на првото место со 12 бода, а Вардар е во тројката со Рајн Некар Левен и Киелце со по 10 бода.

Се вчитува...