Чави полн со респект: Играме против најдобриот тим во Европа

Ракометарите на Вардар вечерва (18 часот) гостуваат на Барселона во реприза на ланското полуфинале од Лигата на шампионите, а тренерот на каталонскиот гигант, Чави Пасквал, е преполн со комплименти на адреса на „црвено-црните“.

„Тие се европски шампион, имаат одлични ракометари и беспрекорно се покриени на сите позиции. Играме против најдобриот тим во Европа и ќе ни биде неопходна поддршка од трибините за да му го нанесеме на Вардар првиот пораз сезонава“ – истакна Пасквал.

Тој се осврна и на проблемите со повредите, откако Палмарсон им се приклучи на Андерсон и на Лен на листата на отсутни играчи за денешниот натпревар.

„Ситуацијата е таква каква што е, немам ниту 16 играчи за да го комплетирам ростерот, но оние кои ќе настапат сигурно ќе дадат 100% од своите можности, тоа ви го гарантирам“ – изјави тренерот на Барса.

Се вчитува...