Чави пристигнa на одмор во Каталонија, Лапорта не се откажува од желбата тој да биде тренер на Барса

Се’ повеќе е веројатно дека Роналд Куман може да добие отказ на крајот на оваа сезона во Барселона, а како негов наследник се споменува Чави. Холанѓанецот имаше состанок со Жоан Лапорта пред неколку дена, но сè уште нема конкретни информации за неговиот престој.

Сигурно е дека Куман ќе остане на клупата на Барса до крајот на сезоната, но клубот е разочаран од финалето во Ла Лига бидејќи Барселона вечерва остана без никакви шанси да стане нов шампион на Шпанија откако Селта славеше на „Камп Ноу“ со 2-1.

Наводно, Лапорта веќе разговарал со неговиот прв кандидат за нов тренер, а тоа е Чави Хернандез. Легендарниот играч за врска на Барселона го продолжи договорот со катарскиот Ал Сад пред неколку дена, но се „осигуриа“ доколку дојде повик од Шпанија.

Имено, во новиот двегодишен договор со Ал Сад, Чави има клаузула според која може да замине без обештетување доколку дојде понуда од Барселона. Сезоната во Катар заврши и Чави е веќе на одмор, па денес со семејството пристигна во Барселона. Сепак, еден детал особено ја заинтригира шпанската јавност.

Неговата сопруга Нуриа објави фотографија на која куферите се подготвени, но многумина сфатија дека спакувале скоро сè што имале во нивниот дом. Одморот ќе трае неколку недели, а семејството на Чави носи најмалку десет куфери што се чини премногу за двонеделен одмор.

 

 

 

 

Шпанските медиуми ја објавија оваа фотографија и велат дека одморот на Чави во Барселона може да се претвори во престој во овој град. Сепак, никој сè уште не реагирал конкретно на сите овие шпекулации.

Се вчитува...