Барселона доби засилување, но не на теренот, туку во канцеларијата, откако Чави Пујол е нов директор на кошаркарскиот клуб Барселона. Тој потпиша тригодишен договор со повеќекратниот шампион на Шпанија и ќе го наследи клупскиот великан Хуан Карлос Наваро.
Иако има само 36 години, тој е долго време присутен во оваа професија, со претходно искуство во Манреса и Басконија. Сега го очекува голем предизвик, бидејќи ќе ја извршува функцијата на највисок спортски раководител во кошаркарскиот оддел на овој трофеен клуб.
Како голем љубител на кошарката уште од рана возраст, Пујол беше дел од стручниот штаб на Манреса во раните фази од својата кариера, работејќи како помошник на Педро Мартинез (актуелниот тренер на Реал) и на Ибон Наваро (кој оваа сезона ја презеде Црвена ѕвезда).
Стекнатото искуство го пренесе во раководната улога, па во периодот од 2020 до 2025 година ја извршуваше функцијата директор на тој клуб. По само една сезона во Басконија, доби понуда од Барса, клуб зад кој е уште една сезона без освоен трофеј. Во финалето на плејофот во шпанската лига беа поразени од Валенсија, додека во борбата за пласман во завршницата на Евролигата беа запрени од Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
