Францускиот фудбалер Усман Дембеле е на излезна врата од Барселона. Сепак, тренерот на Каталонците, Чави Хернандез, прави се што е во негова моќ да го убеди Французинот да остане на „Камп ноу“.
Како што пишува францускиот „Л’екип“, Чави сака во следниот период во дресот на Барселона да го гледа Дембеле. Чави инсистирал на состанок со Французинот како би му соопштил дека очекува тој да му биде еден од главните фудбалери следната сезона.
Најголем проблем во преговорите е износот на платата. Барселона му понудила бруто плата од 18 милиони, но напаѓачот бара тоа да биде само нето заработка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА