Чави Симонс и дефинитивно одлучи да се приклучи на Челси, отфрлајќи го интересот од Манчестер Сити.
„Граѓаните“ изминативе денови интензивно се вклучија во трката за ангажман на Холанѓанецот, меѓутоа Симонс и дефинитивно го одбрал Челси, објавува трансфер-инсајдерот Саша Таволиери.
Доаѓањето на Чави е поврзано со заминувањето на Кристофер Нкунку. Од финансиски причини, „сините“ мора да го продадат Французинот за да го финализираат доаѓањето на Симонс на „Стемфорд Бриџ“. 22-годишниот Холанѓанец е проценет на 70 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

