Чави со Барселона собори рекорд поставен од Зидан и Реал Мадрид

Барселона стигна до нова победа во Ла Лига откако со голот на Роберт Левандовски славеше на гостувањето кај Мајорка со 1-0. Новата победа на гостински терен донесе и оборување на рекорд кој досега беше во сопственост на Реал Мадрид поставен во ерата на Зинедин Зидан.

Имено, откако Чави го превзема каталонскиот состав не знае за пораз на 18. гостински натпревари. На 13 од нив Барселона се радуваше на трите бода, додека на пет од нив ремизираше. Но, шпанскиот стратег не беше импресиран од истиот, велејќи дека тој не е доволен за освојување на трофеј.

„Што ако поставите рекорд, а не освоите трофеј? Тогаш тој е залуден. Со добрите натпревари на гостински терен покажавме дека работиме добро, но на крајот ако не освоиме трофеи тоа воопшто нема да е битно“, прокоментира Чави.

Чави не знае за пораз на гостувањата, но допрва следи најголемиот предизвик наречен Реал Мадрид. Гостувањето на каталонците на „Сантијаго Бернабеу“ е закажано за во 9. коло.

Се вчитува...