Чави со нови барања: Барселона мора да добие нов десен бек, Лапрота веќе е во потрага

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез по ремито 0-0 со Рајо Валјекано, призна дека на тимот му фалат уште играчи, пред се десен бек. Катаолнскиот новинар Џерард Ромеро преку твит соопшти дека тренерот на Барселона имал список со пет десни бека од кој ќе го бара новиот член на Барселона.

На листата се наоѓаат Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен, Хуан Флоит од Виљарењал, Томас Мение од Борусија Дортмунд, како и двата десни бека на Манчестер јунајтед Диего Далот и Арон Ван-Бисака.

Во моментов, десната бековска позиција на Барса ја покриваат Сержињо Дест и Серхи Роберто, кој е оригинално играч за врска.

Се вчитува...