Чави: Требаше да победиме во Минхен…

Барселона втора сезона по ред ќе се натпреварува во Европа Лига откако на коло пред крај на групната фаза од Лигата на Шампиони повеќе нема шанси за првите две места покрај Баерн Минхен и Интер. Претпоследното коло донесе победа на „нероаѕурите“ против Викторија Плзен и пораз на каталонците од Баерн Минхен во меч во кој баварците беа далеку подобриот противник.

Тренерот на Барселона по натпреварот изјави дека на играта влијаел и фактот дека сите шансите беа загубени уште пред стартот на натпреварот, а се наврати и на првиот меч одигран во Минхен.

„Мораме да се соочиме со реалноста. На гостувањето во Минхен бевме подобриот тим, но овој пат воопшто не се натпреварувавме. Мислам дека за тоа многу влијаеше фактот дека испаднавме пред натпреварот. Баерн беше подобар и заслужено славеше. Ние требаше да ја искористиме својата шанса и да победиме во Минхен бидејќи оваа група беше многу комплицирана“, вели Чави.

Се вчитува...