Чави влезе во историјата на шпанскиот фудбал, израмни рекорд на Зидан

Чави Хернандез, тренерот на Барселона влезе во историјата на шпанскиот фудбал, откако успеа на седумнаесет последователни гостувања да остане непоразен како шеф на стручниот штаб на Каталонците.

Чави не е поразен на гостински терен откако во ноември минатата година го презеде тимот од „Ноу Камп“. Со тоа тренерот на Барса се израмни со францускиот тренер Зинедин Зидан, кој како предводник на Реал исто така беше непоразен на гости седумнаесет пати по ред.

Менаџерот на Каталонците ќе има можност да го претекне Зидан на следното гостување на Барселона, закажано за први октомври во Мајорка.

Се вчитува...