Чеде Јаневски е нов тренер на АЕЛ Лимасол!

Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски, ќе биде промовиран на клупата на АЕЛ Лимасол, дознава ЕКИПА. Јаневски, кој досега ја извршуваше функцијата помошник во репрезентацијата на Јужна Африка, се враќа на Кипар каде работеше во неколку клубови.

Јаневски последниот ангажман на Кипар го имаше во 2021 година кога ја водеше Олимпијакос Никозија.

Тој претходно на Кипар ги водеше екипите на Енозис и на Етникос Ахна. Беше тренер и на Вардар, Исмаили, Беверен, Мускрон, Монс, Црвена Звезда, Бриж. Ја водеше и Македонија во 2012/2013, низ квалификацискиот циклус за пласман на СП 2014 година во Бразил која се реши да замине и да се врати во Белгија.

Под негово водство, Вардар го направи најголемиот успех пласирајќи се во групната фаза во Лигата на Европа. Тој дојде пред дуелот со Фенербахче на местото на Гоце Седлоски, а потоа успеа да го помине турскиот гигант и да го направи најголемиот успех на една македонска екипа во Европа, кој е актуелен и во овој момент.

АЕЛ Лимасол остана без тренер по вчерашниот пораз од Докса откако Португалецот Силас беше сменет. Во овој тим настапува екс младинскиот репрезентативец Давор Здравковски.

Се вчитува...