Чеде Јаневски очекува „европски раскин“, Бабунски почна со тренинзи

Чедомир Јаневски ќе си замине од тренерската позиција на ФК Вардар, но кога раководството на клубот ќе ги испочитува деталите од неговиот двегодишен договор со клубот. Тој дојде летоска, непосредно пред мечевите против Фенербахче од плејофот во Лигата на Европа и со тимот го направи најголемиот успех во историјата, пласирајќи се во групната фаза од ова европско натпреварување.

По пласманот во групите од ЛЕ, вардарци почнаа да ја губат својата форма, имаа катастрофални резултати во групата заедно со Зенит, Реал Сосиедад и со Розенборг, а во продолжение клубот ги загуби и двата трофеи на домашната сцена. Во моментот Вардар и засрамувачки 20 бода негатива во однос на лидерот Шкендија на првенствената табела.

И додека Вардар и Чедомир Јаневски преговараат за „европски раскин“, Бобан Бабунски, досегашниот координатор на младинската академија во клубот, денеска го одржа првиот тренинг со сениорскиот тим. Вардар играше со младински тим против Силекс и против Шкендија, а сега „подмладување“ и во стручниот штаб. Засега, неофицијално, додека раскинот со Чедомир Јаневски не биде официјален. А за тоа треба – целосна исплата на договорот.

Се вчитува...