Чеде Јаневски позитивен на Ковид-19

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија и тренер на Вардар, Чедомир Јаневски е позитивен на коронавирус. Тој во моментов работи како помошник на репрезентацијата на Јужна Африка која во финалето на КОСАФА купот успеа по изведување на пенали да слави над Сенегал.

Јаневски не беше дел од овој меч поради позитивен корона тест. Покрај Јаневски на клупата на Јужна Африка не беше и селекторот Хуго Брос кој исто така е позитивен на Ковид-19.

Се вчитува...