Чеде Јаневски заминува, Бобан Бабунски ќе биде нов тренер на Вардар?

Шампионот Вардар тоне ли тоне, не само што ја загуби битката за титулата со Шкендија, туку веќе заостанува и огромни 20 бода на табелата во однос на големиот конкурент. Во една таква ситуација, а по вчерашниот меч против Шкупи, во кој вардарци во последен миг се спасија од пораз (1-1), Чедомир Јаневски најверојатно ќе ја напушти клупата на „црвено-црните“.

Во текот на денешниот ден раководството на клубот треба да направи анализа и да има состанок со Јаневски, по што многу веројатно е да се случи и разделба. За нов шеф на стручниот штаб до крајот на првенството се очекува да биде именуван Бобан Бабунски, кој во моментов е координатор на младинската школа на клубот.

Се вчитува...